Романија сака набргу да ја види Македонија во НАТО и ЕУ

Романија сака што поскоро да ја види Македонија во Европската унија и НАТО, изјави шефот на романската дипломатија, Титус Корлацеан по средбата со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски.

На заедничката прес-конференција, Корлацеан истакна дека вратите на НАТО треба да бидат отворени за сите земји кои ги исполнуваат критериумите.

- Романија ја поддржува Македонија за почнување на претпристапните преговори. Убеден сум дека земјата има капацитет да ги исполни сите стандарди за евроатланското интегрирање, истакна Корлацеан.

Двајцата министри потпишаа Договор за интензивирање на соработката во образованието, науката, културата и спортот. Тие нагласија дека ќе се заложат, за јакнење на бизнис контактите и за развој на економијата и туризмот.

Договорено е и формирање тело кое ќе води континуирани разговори на ниво на министерствата за надворешни работи, со цел јакнење на билатералната и регионалната соработка. 

најчитано сега