Алкалоид ги зајакнува позициите на турскиот пазар и пошироко
Алкалоид АД Скопје, регистрираше ново друштво во Република Турција со назив Alkaloid Ilac ticaret limited sirketi со седиште во Истанбул.
Друштвото, соопштија од компанијата, е во 100 отсто сопственост на Алкалоид АД Скопје. Главна цел за отворање на ова ново друштво, како што се наведува, е зајакнување на постојните позиции на пазарот во Турција, каде Алкалоид е присутен преку продажба на течни минерални ѓубрива, како и влез на пазарот со фармацевтски производи и производи од сите останати програми на Алкалоид, а воедно и пробив на пазарите во Азија и Блискиот Исток.
Со ова Алкалоид АД Скопје ги продолжува активностите кон зајакнување на извозните позиции на Компанијата како главна стратешка определба, стои во соопштението