Груевски му испрати писмо на Самарас: Да се видиме итно уште идната седмица

Минатата недела премиерот на Република Македонија Никола Груевски му упатил писмо на премиерот на Република Грција, Андонис Самарас, во кое му предлага начини за надминување на застојот во разговорите за разликите за името на нашата држава, пишува Дневник.

Да се видиме уште оваа седмица, нагласил Груевски во писмото, пренесува Дневник. Според весникот, во писмото на премиерот се предлага нешто што е многу посуштинско од досегашните средби меѓу премиерите на двете држави.

Груевски во своето писмо до грчкиот колега подвлекол дека во секој случај, и Македонија Грција би имале придобивка од решение, кое во моментот не е можно бидејќи разговорите не напредуваат така како што би требало и така како што се очекува, пренесува Дневик. Според весникот, македонскиот премиер му предлага на Самарас да се создадат тимови на чело со премиерите на двете држави, кои директно би разговарале за решавање на спорот. 

Груевски во писмото бара поддршката од Самарас за почеток на пристапните преговори со ЕУ, која според него, ќе придонесе за посветла иднина за двете земји и за регионот и ќе ја подобри климата за успешно затворање на проблемот за името.

-Груевски потенцира дека разговорите би се одвивале во рамките на мандатот на амбасадорот Нимиц за изнаоѓање решение и дека Република Македонија искрено посакува Грција и денес да биде истакнат партнер и поддржувач на нашата држава во отпочнување на пристапните преговори со Унијата, пишува весникот „Дневник“.

ФОТО: Дневник

најчитано сега