Од берење цреши до голема трагедија - тетовчанец несреќно го загуби животот
Денеска попладне околу 12:45 часот се случила трагедија во тетовското село Новаке.
Како што дознаваме, 60 годишниот тетовчанец Ќамил Вајрами, паднал од дрво-цреша, високо околу 3 метри. Тетовчанецот бил пренесен во Клиничкиот центар - Тетово без знаци на живот.
Детали за несреќата се очекуваат за подоцна. Надлежните екипи сеуште вршат увид на местото на несреќата.