Пониски цените на индустриските производители на домашниот пазар
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0,2 отсто на месечно ниво, односно за 4,2 отсто на годишно ниво.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2015 во споредба со мај 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,5 отсто и во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 0,2 отсто.
Во јуни 2015, во споредба со јуни 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 10,5 отсто, Капитални производи за 4,4 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,7 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,2 отсто.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа