Бидете многу внимателни ако одите во Египет на одмор - МНР со апел до македонските граѓани

Министерството за надворешни работи денеска апелира до македонските граѓани да бидат внимателни доколку патуваат во Египет

-Со oглед на последните случувања и внатрешни немири во Египет, при што повеќе градови беа зафатени со протести проследени со насилства и човечки жртви, Министерството за надворешни работи им препорачува на сите македонски граѓани кои патуваат или планираат да патуваат во оваа земја, да ги избегнуваат местата каде што може да има протести или масовни собири и да обрнат поголемо внимание за сопствената безбедност, стои во соопштението на МНР.

Воедно, се вели во соопштението, на македонските граѓани им препорачуваме редовно да ја следат состојбата во Египет, како и да го контактираат Министерството за надворешни работи за еевентуални дополнителни информации, а во случај на потреба за асистенција и помош, македонската Амбасада во Каиро, стои во соопштението од МНР.

најчитано сега