Наредните два дена привремен сообраќаен режим на булеварот Борис Трајковски

Во текот на утрешниот ден, како и задутре,  ќе се асфалтира делот од булеварот Борис Трајковски, на потегот од поранешната фабрика „Стакларница“ до бензинската пумпа „Марија трејд“. Поради тоа, на оваа делница ќе се воведе привремен сообраќаен режим, а протокот на возила ќе биде регулиран со знаменца.

 Привремен сообраќаен режим во наредните два дена ќе се воведе и на крстосницата кај населбата Усје, заради асфалтирање на коловозот.

 Градот Скопје апелира до граѓаните да покажат разбирање додека траат градежните работи на оваа делница од булеварот Борис Трајковски и во своето движење да ја користат околната патна мрежа. Градот Скопје апелира до граѓаните да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

ФОТО:Сител

 

најчитано сега