ЕКСКЛУЗИВНО: Сите светилки во куќата биле одвртени - Детали за двојното убиство во Козле

Сите светилки биле одвртени на спратот во куќата каде во скопско Козле, пред два дена беа убиени мајка и син, турски државјани, дознавава Press24 од извори во истрагата. Полицијата се сомнева дека на тој начин убиецот сакал да добие во време или пак да се осигура дека ќе биде темно кога ќе го изврши убиството. Мајката била убиена во креветот, а телото на синот е пронајдено до креветот. Првичните информации велат дека тој бил убиен додека ги соблекувал панталоните, откако се вратил од вечерното излегување со невестата. Една од теориите вели дека е можно, прво да била убиена мајката, а потоа, убиецот да ги одвртел светилките и да го чекал синот.  За оваа информација се уште нема официјална потврда. Врз телата на убиените потоа било истурено брашно. Од кои причини убиецот се решил на овој чекор нема информации.

Начинот на кој се убиени Самет С. (29) и неговата мајка Ѓулчин Е.(52) укажува на тоа дека зад убиството стои професионалец. Во нив било пукано со пиштол со пригушувач. 

-Сопствениците на куќата кога се симнале на долниот кат каде спиеле нивните гости од Турција забележале дека се убиени, по што случајот е пријавен во полиција. Првично, според исказот на пријавителот никој не слушнал ништо. Констатирано е дека вратата не е насилно отворена, но била пронајдена отворена, изјави вчера помошник министерот за односи со јавност во МВР, Иво Котевски.

Засега се знае дека  убиениот Самет С. (29) пред неколку месеци стапил во брак со ќерката на 57-годишниот Н.А. кој е сопственик на куќата во која двајцата се убиени. Мајката Ѓулчин и нејзиниот син, според информациите воделе лагоден живот а не работеле ништо.

 

 

Оцени ја веста

30.07.2015 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега