Заев се сретна со шефот на романската дипломатија

 

Делегација на СДСМ, на чело со лидерот Зоран Заев, вчера се сретна со министерот за надворешни работи на Романија, Титус Корлатеан.

На средбата се зборувало за актуелните политички состојби во државата, билатералните односи помеѓу Македонија и Романија, а особен акцент се бил даден на партиските активности и идната соработка помеѓу Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Социјалдемократската партија на Романија.

Министерот Корлатеан упатил честититки до новоизбраното раководство на партијата и дал отворена покана за продолжување и зајакнување на меѓупартиската соработка на СДСМ и партијата од која тој доаѓа. Тој ја изразил својата поддршка за ЕУ и НАТО интегративните процеси на Република Македонија.

најчитано сега