Пијан штипјанец заврши во болница
Синоќа околу 15 минути по полноќ се случила несреќа во штипското село Радање.
Од штипската болница ја повикале полицијата, откако вечерта кај нив бил донесен повреден У.С. (45). Увидот покажал дека штипјанецот ги заработил повредите паѓајќи од надворешните скали во неговата куќа.
Неофицијално, штипјанецот бил во алкохолизирана состојба.