Австраија бара 29.000 келнери и готвачи - минимална плата 1.400 евра

 

На австрискиот пазар му недостига работна сила во угостителството, соопшти денеска австрискиот Сервис за вработување. Тие прецизираа дека имаат потреба од 14.259 келнери, 10.227 готвачи и 5.091 помошници во кујна.

Покрај оваа гранка, недостиг од работници има и во делот на одржување на хигиена во зградите, каде се бараат 9.598 работници, пакување стоки, 7.754, општа помошна работна сила 5.995 и работници во магацин 4.788.

Австриските синдикати велат дека се додека се ниски платите во овие гранки, недостиг од работници ќе биде редовна појава.

Од 1 мај годинава, вработените во хотелиерството и угостителскиот бизнис имаат загарантиран минималец во износ од 1.400 евра бруто плата.

 

 

Оцени ја веста

06.08.2015 - 14:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега