„Македонија вработува" дава ефект: Вработени 4.535 лица

 

Вкупно 4.535 лица се вработени преку проектот „Македонија вработува“ за три ипол месеци, изјави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов при денешната посета на приватната компанија „Дока текстил“ од Валандово која ги има искористено поволностите од проектот. 

Спасов оцени дека компанијата е успешен и позитивен пример на македонска компанија која изминатите години ги користи поволностите што се нудат преку мерките за вработување. 

- Оваа компанија со годините се повеќе и повеќе се развива и го зголемува бројот на вработувања. Околу 10 проценти од вработените се преку мерките за вработување што ги нуди Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија, односно околу 40 лица се вработени само преку „Македонија вработува“, што е уште еден показател за успешноста на мерките. Ги повикувам сите приватни компании да го следат овој пример, да помогнат во развојот на нашата држава преку напредокот на нивните компании и создавањето и отворањето нови работни места, рече Спасов.

Сопственикот на „Дока Текстил”, Тони Пандев изрази задоволство од проектот „Македонија вработува” оценувајќи го како позитивен и за компаниите и за невработените.

 

 

Оцени ја веста

13.08.2015 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега