Нова алатка за намалување на ризикот од шумски пожари
Центарот за управување со кризи денеска ќе го презентира „Македонскиот информативен систем за шумски пожари“. Овој систем ќе се користи во рамки на системот за намалувањето на ризикот од шумски пожари во Република Македонија.
Проектот за воспоставување на „Интегриран систем за превенција и рано предупредување за шумски пожари“ се имплементира во соработка со Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија (ЈИЦА), во рамките на техничката соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Јапонија. Предвидува интегриран систем на надлежните институции, со цел брза меѓусебна комуникација и споделување на информации во што пократко време.
Со ваквиот систем, Република Македонија станува земја која воспоставува високи стандарди во оваа област, по примерот на Европскиот информативен систем за шумски пожари (ЕФФИС), кој постои на ниво на ЕУ.