Цената на нафтата опадна до своето најниско ниво од 2009 година
Цената на суровата нафта денеска опадна до своето најниско ниво во последните шест години, пренесоа француските медиуми.
Ова се случува вторпат во последната недела.
Американската лесна сурова нафта, со рок на испорака во септември, на Њујоршката стокова берза денеска загуби 1,07 долари и на затворањето на тргувањето опадна до 42,23 долари за барел.
На вака ниско ниво нафтата немаше опаднато од март 2009 година.
Оцени ја веста
13.08.2015 - 22:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа