Од Скопје го „избркаа“ за да пее во Охрид - концерт на Аца Лукaс
На охридската „Маракана’’ (Билјанини извори) официјално е потврден концертот на еден од најангажираните српски пејачи, Аца Лукас. Настапот е закажан за 02.08.2013 година, со почеток во 21:00 часот за загревање на гостите.
На четиричасовниот спектакл во Охрид, ќе бидат изведени најголемите хитови на српската ѕвезда, која во недела на 7 јули со свој концерт го отвора најдобриот клуб во Будва, Топ Хил, а настанот е веќе распродаден, пишува српски Скандал. Од менаџментот на Аца, најавија 47 потврдени настапи за јули и август.
Влезниците од денес се во предпродажба по промотивна цена од 250 денари, а по 15 јули цената на билетите ќе изнесува 300 денари. За овој концерт се предвидени 500 фан пит и 1000 билети за трибина по цена од 500 денари, како и 500 вип влезници по цена од 1000 денари, на следниве места: Југотон, Камарад во Рамстор, Цвеќара РОЗЕ Веро 2, Мк Тикетс и продажните салони на ОНЕ низ Македонија.
Претходно медиумите објавија дека менаџерите на скопските дискотеки се договориле да го избркаат турбофолкот од скопскиот ноќен живот. договорот за Охрид, се разбира, не важи