Го избркаа од скопските дискотеки ама не и од Охрид - Аца Лукас празнично ќе ја тресе „Маракана“

 

На охридската „Маракана’’ (Билјанини извори) официјално е потврден концертот на еден од најангажираните српски пејачи, Аца Лукас. Настапот е закажан за 02. август годинава, со почеток во 21:00 часот за загревање на гостите.

Според најавите, Аца Лукас ќе одржи четиричасовен спектакл во Охрид, на кој ќе бидат изведени најголемите хитови на српската ѕвезда.

 

Влезниците од денеска се во предпродажба по промотивна цена од 250 денари, а по 15 јули цената на билетите ќе изнесува 300 денари. За овој концерт се предвидени 500 фан пит и 1000 билети за трибина по цена од 500 денари, како и 500 вип влезници по цена од 1000 денари, на следниве места: Југотон, Камарад во Рамстор, Цвеќара РОЗЕ Веро 2, Мк Тикетс и продажните салони на ОНЕ низ Македонија. 

најчитано сега