OKTA инсталира систем за елиминирање на испарливи органски соединенија
Како најголем снабдувач на домашниот пазар со нафтени производи, ОКТА постојано вложува во проекти за надградба на своите инсталации, со цел достигнување на најновите барања на стандардите за заштита на животната средина.
Помеѓу бројните проекти со кои компанијата го контролира своето влијание врз околината,
Во компанијата ОКТА во својата завршна фаза е инсталација на системот за елиминирање на емисијата на испарливи органски соединенија. Од компанијата наведуваат дека ќе го финализира овој проект речиси една година пред истекот на рокот пропишан со Законот за контрола на емисии од испарливи органски соединенија при користење на бензини.
- Со воведување на системот за елиминирање на емисиите од лесно испарливи органски соединенија при користење бензини, пред се ќе се придонесе кон заштита на животната средина. Проблемот со емисијата на овие гасови во атмосферата особено е изразен во летниот период кога се високи температурите на воздухот, а со имплементацијата на овој систем нивната емисија се сведува на минимум, вели професорот Славчо Алексовски од Технолошко – Металуршкиот Факултет во Скопје.
Од компанијата појаснуваат дека првиот дел од поставувањето на новиот систем се однесува на промена на методот на товарање на авто цистерните. Досега, сите цистерни беа товарени од горниот отвор, преку таканаречениот метод „горно полнење”. Овој метод на полнење најмногу придонесува кон испарување на органски испарливи соединенија, поради зголеменото прскање и загревање на бензинот. Со воведувањето на новиот систем на полнење, сите цистерни за бензин ќе бидат полнети од дното, преку методот на „долно полнење”, кое ќе придонесе конминимизирање на испарувањето кое се појавува при манипулација со бензините. Покрај позитивното влијание врз животната средина, дополнителен бенефит од овој систем е и намалување на изложеноста на човечкиот фактор на штетни гасови, како и можноста од појава на пожар.
Појаснуваат дека дополнително, пареите кои ќе настанат при „долното полнење” нема да се прошират во атмосферата, туку ќе бидат собрани и пренесени во Постројката за рекуперација на пареа, која го сочинува вториот дел на проектот. Преку оваа постројка, сите пареи ќе се вратат во нивната првична течна фаза и ќе бидат собрани назад во резервоарите за бензин.
- Инсталацијата на системот за рекуперација значително ќе ја намали емисијата на лесно испарливи органски соединенија (метан, етан, пропан, бутан и други) кои во голема мера се штетни за здравјето на човекот. Покрај ова, воведувањето на новиот начин на полнење на горивото во цистерните и резервоарите од доле, наместо од горе, влијае на намалување на испарувањето на лесните јаглеводороди во цистерната, наведуваат од ОКТА и додаваат дека со ова се зголемува безбедноста при работа на вработените на терминалите за бензин каде што се одвива складирање, полнење и транспорт на горивото, додава Алексовски.
Компанијата ОКТА е во завршна фаза со инсталирањето на системот за елиминирање на емисијата на бензини, иако крајниот рок за комплетна оперативност на системите е 30 јуни 2016 година, согласно Законот за контрола на емисии од испарливи органски соединенија при користење на бензини.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа