Ќе паѓа ли цената на становите?
Благ пад на цената на становите може да се очекува кај приватните инвеститори. Од Државно претпријатија за стопанисување со станбен и деловен простор велат дека цената по која во моментот се продава метар квадратен е нереално висока. Простор за намалување има. Очекува приватните инвеститори да ја изедначат со онаа која ја нуди ова државното претпријатие, пишува Сител.
Државната статистика објави дека во изминатите 5 години цената на становите се намалила за 11%. Раздвижување на пазарот и корекција на цената надолу започна со Владиниот проект Купи кука купи стан.
До сега вкупно 630 семејства си го решиле станбеното прашање преку владиниот прокет. Државата за нив издвои 4 милиони евра субвенции. Поволностите од преокетот повторно се промориаат низ цела Македонија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа