Груевски: Инвестициите значително помогнаа да ја намалиме невработеноста

 

Економијата, инвестициите, новите работни места, се вториот најголем наш предизвик, заедно со членството во ЕУ и НАТО. Фактот што деновиве ММФ објави дека сме во групата на 5 најмалку задолжени земји во Европа ги потврди нашите досегашни тврдења. Одговорното однесување на овој план треба да продолжи.

Ова денеска го изјави премиерот по повод празникот на Република Македонија, Денот на независноста.

-Чекорот кој владата неодамна го направи со намалување на казните на фирмите, и нивно нивелирање според економската моќ и бројот на вработени во фирмата, е чекор кој внесува поголема правичност во санкционирањето на престапите и плод на одличната комуникација меѓу владата и приватниот сектор. Големиот број инвестиции во последните години, дури и во времиња на светски и Европски кризи, ни помогнаа значително да ја намалиме невработеноста, иако истата и понатаму останува голем предизвик. Значајно подобрената бизнис клима во земјата ќе продолжи да се надградува. Големи компании од различни држави во светот ќе продолжат да доаѓаат и да отвораат нови работни места, но и домашните фирми ќе креираат нови работни места и поголем извоз. Извозот во 2014та во однос на 2006тата е речиси дуплиран, и радува што една третина од тоа припаѓа на зголемувањето на извозот на домашните фирми, рече тој.

Пред само две недели во Штип ја почна со работа фабриката на германскиот Техникал Текстаил која ќе вработи 1000 лица. Наскоро со работа започнува со работа германскиот гигант Маккард кај Велес кој ќе вработи 600 лица, а американскиот бренд Ки Сејфти системс во октомври ќе се всели во нивната новоизградена фабрика кај Кичево каде предвидува 1000 вработувања.

 

 

Оцени ја веста

08.09.2015 - 14:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега