Притвор за дадилката од Скопје - за тепањето на бебето и се закануваат 10 години затвор
МВР поднесе кривична пријава против дадилка во Скопје, која малтретирала деветмесечно бебе. Родителите ја ангажирале дадилката да се грижи за него, но таа врз бебето применувала различни облици на малтретирање и грубо однесување.
Од МВР велат дека имаат видеодокази за малтретирањето на деветмесечното бебе.
Од Обвинителството најавија дека ќе се бара и притворска мерка за дадилката:
„По поднесената кривична пријава од страна на Министерството за внатрешни работи, Сектор за внатрешни работи – Скопје, во Основното јавно обвинителство – Скопје поведена е постапка против едно лице кое се сомничи дека малтретирало девет месечно дете.
Пријавеното лице било ангажирано за чување и негување на деветмесечното дете од родителите на детето. Наместо нега, осомниченото лице врз детето применувало различни облици на малтретирање и грубо однесување.
По проучување на кривичната пријава и доказите, јавниот обвинител најде дека постои основано соменение за сторено кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 од Кривичниот законик, за кое е запретена казна затвор од една до десет години. При тоа, донесена е Наредба за спроведување истражна постапка и до Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесен е Предлог за определување на мерка – Притвор против осомниченото лице, поради постоење опасност од повторување на делото„, велат од Обвинителство.
Видеото погледнете го тука
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа