ВИДЕО: Лансираа камера во вселената и ја најдоа по 2 години - еве што снимила

 

Неколку пријатели во 2013година решиле да испратат во вселаната GoPro камера поврзана со балон на топол воздух. Мислеле дека во атмосферата ќе пукне и ќе се врати назад, но тоа не сеслучило.

Тие балонот го лансирале од Големиот кањон, а тој летал нагоре 87 минути. Тогаш пукнал и почнал да се враќа назад. Момците кои го лансирале очекувале да се врати и да видат што балонот успеа да сними од ивицата на вселената. Но, тие воопшто не можеле да ја пронајдат камерата.

Дури две години подоцна една жена случајно го открила, а снимката останала недопрена и навистина импресивна.

„Планиравме да го лансираме точно на време и на место каде мобилните кои ги врзавме за камерата имаа сигнал. Проблемот е што мапата на покриеност на сигналот на комапнијата „АT&T“ воопшто не е добро направена, па не можевме да го најдеме телефонот кога паѓал на земјат, затоа што немаше сигнал.

На крајот се испостави дека слетал на 80 километри од точката каде го лансиравме, каде воопшто нема патишта – вели еден од момците.

 

Две години подоцна иронично на игра на судбината, го открила жена која работи во компанијата АT&T додека пешачела низ тој дел од пустината. Потоа го однела во продавница и преку СИМ картичката го пронашла сопственикот. Сега сите можат да уживаат во преубавата снимка која овие момци сакаа да ја поделат со светот.

 

 

Оцени ја веста

16.09.2015 - 21:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега