Споменикот на Прилепските бранители почна да расте
Среде кружниот тек во центарот на Прилеп, кај Основниот суд почна поставувањето на споменикот „Прилепски бранители“. Модерното спомен обележје посветено на сите бранители и херои забрзано се монтира.
Според Бранко Нешкоски, раководител на Јавното претпријатие за урбанистичко планирање при локалната самоуправа станува збор за модерно здание високо над 15 метри.
- Ќе биде импозантно спомен обележје, модерно, стилизирано во форма на спирала. Ќе ја симболизира вечноста на спомените, на вечното опстојување на човекот и неговите дела. Ќе има посебно осветлување, а облежјето ќе ги дава и сите информации неопходни за запознавање на градот што ќе му значат и на секој турист и патник намерник, рече Нешкоски.
Споменикот треба да биде готов до почетокот на големата летна манифестација „Пиво фест“ која почнува на 18 јули, а чини околу 50.000 евра.
Прилеп има споменик со десет краци и на врвот топка, посветен на загинатите бранители кај „Карпалак“ 2001 година. Тој е во корелација со спомен обележјето во негова непосредна близина во знак на сеќавање на 10. загинати бранители.
ФОТО: Билд