Матурантите овој пат поуспешни - Државната матура со подобар резултат од лани
Просечната оценка што ја постигнаа матурантите при полагање државна матура годинава е 3,18 и е повисока од минатогодишната што изнесуваше 3,09.
Министерот за образование и наука Спиро Ристовски на прес-конференција за прелеминарните резултати од државната матура истакна дека кај повеќето предмети има подобрување во постигањето споредено со минатите години.
- Тоа е показател за подобрување на основните знаења и адаптирање на стандардите на државната матура, оцени Ристовски.
Прелеминарните резултати Државниот испитен центар веќе ги дистрибуира до училиштата и во електронска форма ќе бидат достапни утре, а задутре и на огласните табли.
Најдобри резултати годинава постигна битолската гимназија „Јосип Броз Тито“. Матурнатите што нема да поднесат приговор на резултатите ќе можат да ги сметаат за конечни прелеминарните резултати.