Чекале и по 17 дена во ред за да го купат новиот Ајфон!
Новиот „Ајфон 6С“ е пуштен во продажба и како и секоја година, така и овој пат, пред продавниците ширум светот се формираа долги редици на оние „најзапалени“ фанови кои се подготвени на се` со цел први да дојдат до новиот апарат.
Најдолгите редиците за новиот Ајфон се формирале во Токио, Сиднеј и во неколку градови во САД и Кина.
Некои од љубителите на Ајфон чекале во редиците дури и 17 дена по сите временски (не)прилики, а некои се снашле со иновативни решенија за да не стојат цело време во редот.
Така, Луси Кели донела робот кој ја заменил во редот, бидејќи не можела да чека цело време поради работните обврски. Ваквата идеја и ја дал нејзиниот шеф, кој и предложил да земе еден од роботите од фабриката во која рботи.
Иако се работи за уште еден „С“ модел, аналитичарите сметаат дека „Епл“ би можел да продаде дури 13 милиони апарати, што е за три милиони повеќе отколку минатата година.
Извори од „Епл“ информираат дека побарувачката засега е поголема отколку минатата година.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа