Груевски ќе ја промовира Македонија во Литванија

 

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, заедно со владина делегација која ја сочинуваат министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и заменик министерот за економија, Христијан Делев, денеска ќе престојува во политичкa и економска посета на Република Литванија.

Според најавите, Груевски ќе оствари средба со премиерот на Република Литванија, Алгирдас Буткевичиус и со претседателот на литванскиот Парламент, Видас Гедвилас.

 

Премиерот и владината делегација ќе присуствува и ќе ги презентира можностите и поволностите за инвестиции во Македонија на бизнис форумот во Вилнус кој е организиранво соработкасо Стопанската комора на Литванија, информираат од македонската Влада.

 

 

            

најчитано сега