Ќе ги полниме ли резервоарите поевтино? - намалени цените на нафтата за половина денар
Цените на нафтата на светските берзи денеска забелжаа пад како резултат на неповолните податоци за состојбата на пазарот на трудот во САД, кои се најголем светски потрошувач на енергенси.
Северноморскиот „брент“ за испорака во ноември на Берзата во Лондон денеска поевтини за 48 центи на 47,21 долари за барел,
Бо исто време, цената на американската „лесна“ нафта за ноемвриска достава на Њујоршката берза се намали за 40 центи на 44,34 долари за барел.
Од почетокот на неделава „брентот“ од Северното Море поевтини за 2,9 отсто, а американската нафта за 3 проценти.
Како што објави „Бизнис Инсајдер“, основачот на инвестициската компанија „Даблајн Кепитал“, Џеф Гандлач, кој е познат како „крал на обврзниците“ предупредува дека ако цената на нафтата падне на околу 40 долари за барел, тоа ќе значи дека „во светот се слчуува нешто многу лошо и тоа не само во економска смисла“.
- Геополитичките последици од тоа би можеле да бидат, да бидам директен, засташувачи, смета Гандлач.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа