НОВИ ВРАБОТУВАЊА: „Маркарт“ ја отвора фабрика во Велес

 

Германската компанија „Маркарт“ денеска во индустриската зона Караслари кај Велес ќе ја отвори новоизградената фабрика. Се работи за инвестиција од 35 милиони евра, а со отворањето на фабриката се очекува да се вработат околу 600 лица. Во фабриката ќе се произведуваат автомобилски делови за врвни германски брендови како Мерцедес, Ауди и БМВ.

На свеченото отворање најавено е присуство на претставници на Владата, на сопственикот на групацијата Маркарт и на генералниот директор на Маркарт Македонија, Аицхер Волфганг.  

Во март минатата година германската компанија донесе одлука за инвестирање во Македонија, а првиот контакт меѓу германскиот инвеститор и претставниците на македонската Влада беше воспоставен во 2008 година. 

Одлуката за инвестирање во Македонија, како што изјавија од компанијата, ја донеле поради квалификуваната работна сила и стабилната економска политика. 

„Маркарт“ е основана 1925 година. Досега има отворено фабрики во повеќе земји низ светот, а годишниот обрт на компанијата и околу 700 милиони евра.

 

 

Оцени ја веста

07.10.2015 - 08:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега