Јордан Ламановски седна во началничката фотелја на СВР Штип

 

СВР Штип од денеска има нов началник. Јордан Ламановски доаѓа на местото на Момчило Сталетиќ, кој како в.д началник беше поставен а 9. април минатата година, по разрешувањето на Ѕвонко Каширски.

Сталетиќ требаше да воведе ред во СВР Штип, откако акцијата „Детонатор“ го стресе градот и донесе разрешувања на десетина полициски службеници и началникот Каширски. Огласот за нов началник на штипскиот сектор за внатрешни работи беше распишан на 29 април, а заврши на 7. мај. Според неофицијалните информации, шест лица се пријавиле за да седнат во началничката фотелја.

За утре се најавени повеќе информации за оваа кадровска одлука.

најчитано сега