Ѓоковиќ некој период ќе отсуствува од тениските терени

Поразот од Енди Мареј во финалниот меч од Вимблдон, го принуди српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ да направи пауза од тениските обврски и да се препушти на одморите. Според најавите србинот ќе паузира еден месец и ќе се врати повторно на тенисот за време на подготовките за американската турнеја и турнирите во Монтреал и во Синсинати, како и турнирот УС Опен.  

„Задоволен сум од настапите кои ги имав годинава. За жал финалето на Вимблдон завшри трагично за мене но го дадов максимумот. Мареј беше подобар од мене и заслужи да го освои трофејот.  Јас продолжувам понатаму, останувам мотивиран за титули“, напиша Ѓоковиќ на својот „Фејсбук“ профил, додавајќи дека во Лондон ќе се задржи ден подолго.

„Најпрво ќе одморам, а потоа почнувам со подготовките за УС Опен. Во Лондон ќе останам еден ден подолго поради организација на хуманитарна вечера. Доаѓаат убави денови. Благодарам на сите“, им порача Србинот на навивачите.

најчитано сега