„Без двоумење ја прифатив понудата“ - Никола Кеџо е новото засилување на Металург

Поранешниот десен бек на Диселдорф, Сиудад Реал, Алкобедас и Теукро, Никола Кеџо во наредните две години ќе го облече дресот на македонскиот ракометен клуб Металург. Тој во својата богата интернационална кариера настапи во двете најсилни лиги Бундес лигата и Асобал Лигата и ќе биде одлично засилување за тимот на Автокоманда. 

- Иа­ко имав уште ед­на го­ди­на од до­го­во­рот со Чур­гу, по по­ви­кот на тре­не­рот Ли­но Чер­вар без се­кун­да дво­у­ме­ње при­фа­тив да играм за Ме­та­лург, клуб со го­ле­мо име и свет­ла ид­ни­на во ра­ко­мет­на Евро­па. Сме­там де­ка ова ќе би­де го­лем им­пулс за мо­ја­та по­на­та­мош­на ка­ри­е­ра и ќе да­дам сѐ од се­бе за да по­мог­нам во ос­тва­ру­ва­ње­то на за­цр­та­ни­те це­ли на клу­бот, вели хрватскиот интернационалец.

најчитано сега