„Скопје 2014“ освои трета награда на “Загреб Филм Фестивал”

 

Промотивниот филм “Скопје 2014” ја освои третата награда на Интернационалниот Туристички Филм Фестивал “Загреб Филм Фестивал” кој по втор пат се одржа од 03 до 05 јули оваа година во музејот “Мимара” во Загреб. 

Наградата е освоена во категорија на филмови во траење до две минути, во конкуренција со над 300 промотивни филмови од 56 држави од целиот свет.

Фестивалот е член на CIFFT (International Committee of Tourism Film Festivals) и се одржува под покровителство на Претседателот на Република Хрватска. Целта на фестивалот е да промовира филмови од различни содржини, како промоција на туристички дестинации, хотели и ресорти, култури и традиции, рурален туризам, авантуристички понуди, екстремни спортови, религии ...

 

Наградениот промотивен филм “Скопје 2014“ е креативно дело на агенцијата Омега Комуникации, а изработен е во продукција на Кино Око, како дел од проектот Macedonia-Timeless на Владата на Република Македонија.

 

 

 

 

 

 

најчитано сега