НЛБ Тутунска банка ги намали каматите на кредитите
Како резултат на намалувањето на каматната стапка на благајничките записи и соодветно на тоа намалувањето и на референтната каматна стапка, НЛБ Тутунска банка изврши намалување на каматните стапки на кредитните продукти за физички лица и депозитните продукти за физички и правни лица.
Од 01.07.2013 година намалени се каматните стапки на кредитните продукти за физички лица (кредити, кредитни картички и лимит на трансакциска сметка), додека од 08.07.2013 година НЛБ Тутунска банка ги намали и каматните стапки на депозитните продукти за физички и правни лица.
Новите каматни стапки на кредитните и депозитните продукти се однесуваат на сите постојни и новосклучени договори за кредити и депозити.