Внимавајте: Попладне не очекува невреме - многу дожд ветер и град
Променливо и нестабилно време со пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град, најавува Управата за хидрометеролошки работи.
Нестабилното време со дожд кој наместа ќе наврне до над 30 литри на метар квадратен и силен ветер со брзина над 70 километри на час ќе преовладува во текот на денешниот и утрешниот ден.
Денеска температурата ќе се движи од 25 до 33 степени, а за утре во утринските часови таа ќе биде од 12 до 20 степени, а максималната од 25 до 33 степени.
Променливото и нестабилно време ќе се задржи до петок