Владините инвестиции во патната инфраструктура овозможуваат ангажман на 3000 работници
Во моментов во тек е изградба на 4 автопатски делници во должина од 155,7 километри. Само на овие четири автопатски делници се ангажирани 2.320 лица.
Се работи на изградба на автопат Демир Капија-Смоквица - ангажирани се 650 работници, изградба на автопат Миладиновце – Штип (автопат Гоце Делчев)- ангажирани се 570 работници, изградба на автопат Кичево –Охрид (автопат Мајка Тереза)- активно работат 1000 лица, рехабилитација на автопатска делница Велес-Катланово (Скопје) во оваа фаза се ангажирани 100 лица.
Само на овие четири автопатски делници се ангажирани 2.320 лица. Дополнително, во изградбата и реконструкцијата на регионалните и магистралните патни правци се ангажирани над 400 лица, кои моментално работат на изградба или реконструкција на 111 км за кои се инвестираат над 40 милиони евра.
Овие над 400 работници се ангажирани на поголем број на патни правци меѓу кои и: Велес-Кадрифаково, Битола – Ресен- Буково, Тетово- Брвеница- Чегране- Гостивар, Ново Село – Маврово, Опае – Бељаковце – Станчиќ – граница со Косово, Дојран – Николиќ и други.
Истовремено оваа година продолжи реконструкцијата и на локалните патни правци. Се реконструираат 46 локални патишта во 36 општини во вредност од 7,2 милиони евра, од кои 32 локални патни правци се завршени со должина од 42,96 км и вредност од 4,85 милиони евра а во тек е реконструкција на 14 локални патни правци во должина 13,70км и вредност од 2,13 милиони евра. Во рамки на градежните активности на локалната патна инфраструктура се вклучени до 200 лица.
-Интензивната изградба на патната инфраструктура, автопатите, магистралните, регионалните, локалните патишта е од извонредно значење за овозможување на подобри услови за комуникација на граѓаните и унапредување на условите за функционирање на бизнис заедницата. Но, особено е битно дека со овие инвестиции се придонесува кон општиот економски развој на земјата, а исто така особено значајно е што се отвораат нови работни места. Во овој момент во инвестициите во изградбата на патиштата се ангажирани околу 3.000 работници, а имајќи во предвид дека следната година се очекува проширување на голем дел од проектите како и воведување во работа на нови патни правци се очекува овој број дополнително да расте, што значи отворање на дополнителни нови работни места и вработување на нашите граѓани, вели владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Од Владата информираат дека инвестициите во патната инфраструктура претставуваат еден од владините приоритети и во тој контекст во 2016 година ќе се продолжи со изградба и рехабилитација на патните делници во сите региони во државата за што веќе се дефинирани проекти и финансиски средства за реализација на проектите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа