Нафтата поскапува: Од полноќ нови цени на горивата во Македонија

 

Северноморската нафта од типот „брент“ поскапи за 2 центи на 49,58 долари за еден барел за испорака во декември, додека американската лесна нафта поевтини за 21 цент на 46,38 долари за еден барел.
Регулаторната комисија за енергетика денеска околу пладне треба да ги објави новите малопродажни цени на нафтените деривати по кои ќе се точат горива од полноќ.

 

Денешната цена на нафтата е за околу 2,2 долари повисока во однос на онаа врз основа на која се формираа цените пред две недели. И денарот е послаб во однос на доларот па така не треба да биде изненадување ако регулаторот ја покачи малопродажната цена.

 
 
02.11.2015 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега