Вонредна временска прогноза: Големо невреме се подготвува над Македонија
Времето утре претпладне во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи во форма на невреме со засилен ветер и појава на град.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 20, а дневната од 25 до 33 степени.
Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево со умерена до значителна облачност, а попладне нестабилно со појава на невреме, пороен дожд и грмежи.
Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 30 степени.