Претставници на Македонско-Бугарската стопанска комора на средба со Заев

 

Денеска, претставници од Македонско-Бугарската стопанска комора ќе се сретнат со струмичкиот градоначалник Зоран Заев, на која ќе присуствува и амбасадорот на Бугарија, Иван Петков.

На средбата, како што информираат од  Македонско-Бугарската стопанска комора, ќе стане збор за поттикнување на институционалнатa соработка и поврзување на компаниите од Македонија и Бугарија, ќе бидат разгледани можностите за имплементација на заеднички проекти и ќе бидат презентирани можностите за инвестирање во општина Струмица.

Работната средба е во рамки на серијата средби со македонските градоначалници.

најчитано сега