СДСМ: Ременски никогаш не потпишала пристапница од ВМРО-ДПМНЕ
Опозициската СДСМ во писмена реакција тврди дека новата министерка за труд и социјална политика никогаш не потпишала пристапница во ВМРО-ДПМНЕ
“Потпретседателката Фросина Ременски никогаш не била член на ВМРО-ДПМНЕ и никогаш лично нема потпишано пристапница во оваа партија.
Паниката кај Никола Груевски од стручните, професионални и одговорни кадри на СДСМ со денови станува се поголема.“ - стои во писмената реакција на СДСМ
08.11.2015 - 14:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа