Ременски и во СМК меѓу истакнатите членови на ВМРО-ДПМНЕ
Поранешниот член на ВМРО-ДПМНЕ Фросина Ременски своевремено била и член на претседателството на Светскиот Македонски Конгрес.
Овој податок е запишан на википедија страницата на Светскиот Македонски Конгрес чиј претседател од формирањето до денес е Тодор Петров.
Ременска, која не успеала да се пробие во ВМРО-ДПМНЕ, но затоа денес е потпретседател на СДСМ, ја вршела функцијата потпретседател на СМК во ист период со Борче Стефановски, Вангел Божиноски и Исмаил Бојда, додека генерален секретар во нејзиниот мандат бил Ниче Димовски.
08.11.2015 - 15:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа