Владините политики даваат резултат: Бугарска компанија ќе ја објави одлуката за инвестирање во Македонија
Бугарската ИТ компанијата „Мусала софт“ денеска ќе ја објави одлуката за инвестирање во Македонија.
Одлуката ќе ја објават вицепремиерот Владимир Пешевски, заменикот директор на Агенцијата за привлекување на странски инвестиции и промоција на извозот Климент Шеќеровски и претседателот на бугарската ИТ компанија Мусала Софт, Елена Маринова, на прес-конференција во Владата на Република Македонија.
Инвестицијата ја најави премиерот Никола Груевски во обраќањето на свеченоста по повод Денот на македонската револуционерна борба - 23 Октомври.
„Мусала софт“ регистрирала компанија во Скопје, има изнајмено простории и започнала со вработувње на висококвалификуван кадар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа