Зголемена работата на македонската градежна оператива во странство

 

Градежната оператива од Македонија во првите девет месеци од годинава во странство извршила градежни работи во вредност од 1.914.606.000 денари, што е за 102,6 проценти повеќе во споредба со истиот период лани

Државниот завод за статистика денеска објави дека во периодот  јануари-септември годинава вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 3.286.333.000 денари, што е за 53,3 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Во периодот јануари-септември е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Косово, Албанија, Италија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Холандија, а на останатите пазари е регистриран намален обем. Како нови пазари се јавуваат Полска, Словенија и Грција.

 
 
13.11.2015 - 16:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега