Мукоски: Не дај Боже СДСМ повторно да креира буџет

 

Пратеникот и заменик координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски, на денешната расправа по Предлог буџетот за 2016 година во Собранието на Република Македонија напомена дека тешко на државата ако дојде време СДСМ да го креира буџетот на Република Македонија.

-На почетокот сакам да констатирам една работа. Не дај Боже било кога да дојдете на власт и ако дојдете на власт да го ревидирате буџетот и да ја промените буџетската политика и структурите на економските политики во Република Македонија бидејќи се покажавте многу „успешни“ до 2006 година во водењето на вашите економски политики. Имаме сосема различен концепт на водење на економските политики. Колку бевте успешни до 2006 година покажува фактот што кога дојдовме на власт најдовме неколку суштински грешки во системот кои што длабоко се рефлектираат на развојот на економијата. Имавте катастрофално лош систем на менаџирање и креирање на буџетот. И во делот за фискалната политика, даночната политика, менаџирањето со буџетскиот дефицит исто така и во делот на водење на макроекономската политика, рече Мукоски.

Мукоски им посочи на пратениците од опозицијата дека кога ВМРО-ДПМНЕ ја презема власта во Република Македонија од СДСМ се соочи со висок процент на невработеност и руинирана економија.

-Воопшто не поведовте грижа за невработените. Република Македонија до ден денес, а особено во времето кога дојдовме на власт ја мачеше проблемот со висок процент на невработеност и руинирана економија и стопанство, со нископродуктивни гранки кои што единствено функционираа во делот на текстилната и кожарската индустрија, со ниско квалификувана работна сила. Од тука неопходно беше во Република Македонија да се постави нов систем на функционирање на фискалната политика и да се посвети внимание на кој начин треба да се намали бројот на невработените, заклучи Мукоски.

 
 
19.11.2015 - 20:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега