ИРИ: Тоне рејтингот на Заев - ВМРО-ДПМНЕ 24% - СДСМ 12%

 

ВМРО-ДПМНЕ е со убедлива и огромна предност пред СДСМ на најновата анкета на реномираниот и угледен Американски републикански институт(IRI) со седиште во Вашингтон.  

 

ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност во однос на СДСМ. 24 проценти од граѓаните се определиле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а за СДСМ двојно помалку само 12 проценти.

Денес е јасна причината зошто СДСМ ја криеше бројката за рејтингот на Заев. Односно тој има рејтинг од само 5%, наспроти 18% на премиерот Груевски односно 35 % од граѓаните кој сметаат дека Никола Груевски заслужува реизбор.

Скоро тројно повеќе од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ работи понапорно да ја добие поддршката од избирачите. 27% сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ е поактивна и работи понапорно, наспроти само 10% кои сметаат дека тоа е СДСМ.

Анкетата на Интернационалниот Републикански Институт е теренска, и е направена во периодот од 29.09 до 05.10.2015та година на репрезентативен примерок од 1 106 испитаници.

 
 
20.11.2015 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега