ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ денес призна дека и САД се против Заев

 

СДСМ денес призна дека и САД се против Заев и дека Американскиот меѓународен републикански институт кој реализирал 650 вакви истражувања во 60 држави во светот не ја поддржува деструктивната политика на партијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на владејачката партија

Само така може да се толкува нивното неприфаќање на испитувањето на јавното мислење и двојно поголемата поддршка која во истражувањето на ИРИ граѓаните му ја дале на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ може да продолжи народот да го третира како стока и да го потценува неговото мислење.

Затоа соодносот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е 24:12, а угледот на Заев е паднат од мизерни 7% на уште помизерни 5%.

СДСМ може да продолжи да гледа во фрижидерите за длабоко замрзнување и од таму да ги вади фиксираните тези дека секогаш некој друг им е крив за нивното пропаѓање, а не тие самите. Дека народот греши, како што велат во СДСМ.

Ама народот никогаш не греши. Ниту на анкетите од ИРИ, ниту на последните девет изборни циклуси.

Народот повторно ќе ја одбере опцијата која го третира како човек, а не како „стока“ и „стадо овци“. За паника во СДСМ имаат уште 155 дена. Потоа следува пресудата од народот.

 
 
20.11.2015 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега