ВИДЕО: Што кажа Ахмети за името во Бугарија

Конечниот збор за секоја идеја, предлог и решение околу спорот за името ќе го имаат граѓаните на референдум и тоа во никој случај нема да зависи исклучиво од волјата на поединци, политичари или политички партии. Македонската Влада не сака да коментира шпекулации и детали за да не го наруши преговарачкиот процес, стои во соопштението кое владината прес служба го испрати по вчерашната изјава на лидеротн а ДУИ, Али Ахмети, каде тој го откри како што рече, последниот предлог кој до Атина и Скопје го доставил амбасадорот Нимиц.

Од Владата велат дека се целосно посветени на динамизирањње на преговарачкиот процес, па во очекување на одговор на писмото од Груевски до Самарас, нема потреба од јавно дискутирање во врска со идеите на Нимиц

„Со оглед на фактот дека грчката страна се уште се нема произнесено по идеите на медијаторот, и имајќи ја предвид негативната кампања која што се јави во Грција непосредно по презентацијата на последните идеи на Нимиц, цениме дека нема потреба од јавна дискусија по идеите. Доколку има позитивен одговор од грчка страна, Владата ќе ја информира целата јавност, како и сите општествени фактори за идеите и ќе се обиде низ еден консензус да продолжи во дискусијата за предлогот“ - стои во владиното соопштение.

Инаку Премиерот Груевски пред повеќе од една недела преку писмо од самарас побара со директни средби на највиско ниво ов присуство на медијаторот Нимиц да се интензивира преговарачкиот процес. Од грчка страна на писмото на Груевски се уште нема одговор.

најчитано сега