КУРИР: Ременска со секоја постапка и изјава ја покажува својата некомпетентност

 

Некомпетентноста на новата техничка министерка за труд и социјална политика Фросина Ременска секојдневно излегува на површина со нејзините постапки кои сериозно ја доведуваат во прашање нејзината кадарност за фунцијата која ја извршува, пишува КУРИР

 Во интервју за опозицискиот портал Нова ТВ, Ременска изнесува низа неточни податоци кои дополнително ја поткопуваат нејзината способност да управува со МТСП, односно излегува на виделина дека техничкиот министер не ги знае надлежностите ниту на МТСП, ниту на Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ).

Ременска во интервјуто дава површни изјави кои не се поткрепени со факти, што укажува на тоа дека техничката министерка треба посериозно да се посвети на учење на надлежностите во министерството за компетентно да може да ја извршува фунцијата.

Имено, Ременска во интервјуто вели дека ќе бара од директорот на АВРМ број на вработени според исплата, меѓутоа таков податок дава Управата за јавни приходи (УЈП), а не АВРМ, факт кој очигледно е непознат за Ременска.

-Со директорот на Агенцијата за вработување оваа недела планирам средба на која што ќе отвориме неколку прашања планирани со дилемите кои провејуваат во јавноста, меѓутоа и како барање до него за давање на одредени информации по однос на бројот на вработени според исплата, изјавува Ременска.

Дополнително, техничката министерка во интервјуто вели дека ќе разговарала со директорот на АВРМ за методологија за пресметка на процент на невработеност, меѓутоа таква методологија има Државниот завод за статистика (ДЗС), а не АВРМ, уште еден факт за кој Ременска не знае.

 -На средбата ќе биде отворена и онаа дилема која најчесто се отвора во јавноста, а тоа е дали процентот на невработени во Република Македонија е реален или пак процент кој се добива по некаква методологија. Како се прави анкетата на невработени, врз основа на кои параметри, вели Ременска.

Некомпетентноста и неинформираноста на Ременска не завршува тука. Имено, потврда дека техничката министерка дава непоткрепени изјави покажува и нејзиното тврдење дека и покрај тоа што стапката на невработеност се намалувала, бројот на корисници на социјална помош растел.

-Стапката на невработени се намалува, а бројот на корисници на социјална помош се зголемува. Значи во случај на стапката на невработени би се намалувала, тогаш разбирливо е дека би се намалувала и бројката на корисници на социјална помош, вели Ременска.

Сепак, фактите и во овој случај целосно ја побиваат Ременска. Според офиијалните податоци, бројот на корисници на социјална помош во 2006 година изнесуваше 60.000 лица, додека во 2015 година бројот на корисници на социјална помош изнесува 30.000 лица, што јасно покажува дека со бројот на невработени лица се намалува и бројот на приматели на социјална помош, наспроти небулозните тврдења на Ременска дека тој број се зголемува.  

Откако изминатиот период со своите постапки предизвика бура од реакции во јавноста, Ременска со ваквите изјави дополнително ја доведе во прашање својата способност да раководи со министерството, бидејќи покажува дека не е кадарна и не ги знае надлежностите на ресорот со кој раководи.

 
 
23.11.2015 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега