Најголемата опозициска партија веќе подолг период се обидува да го сокрие од јавноста внатрешно незадоволство. Според висок партиски извор, една од причините за ваквата ситуација во опозицијата е тоа што партиските органи на СДСМ се речиси суспендирани, а за одлуките во партијата се задолжени неколкумина, кои мора да полагаат сметка на лобито од СОРОС.
Двоецот Заев-Шекеринска заедно со кликата околу нив, според нашите сознанија не ги уважуваат ниту Извршниот, а уште помалку Централниот одбор, без разлика што исто како нив, и овие два колективни органи се избрани од делегатите на највисокиот партиски орган - конгресот, а за жал никој не ги прашува за ништо.
На последната седница на Централниот одбор, која се одржа пред 20-тина дена, а која беше прво заседание на овој партиски орган после речиси четири месеци апстиненција, освен за кадровските решенија со кои СДСМ влезе во Владата на ВМРО ДПМНЕ, било одлучено да се формира Централен изборен штаб, на чие чело е поставен единствениот партиски потпретседател кој не стана функционер во извршната власт, Дамјан Манчевски. Овој потпретседател важи за десна рака на Шекеринска, која пак во партијата се доживува како експонент на СОРОС Фондацијата. Имено, нашиот извор тврди дека новиот шеф на штаб Манчевски, морал во структурата на овој изборен орган, да го вклучи Марјан Забрчанец, како клучно лице во штабот за соработка со таканаречените невладини организации блиски до СДСМ, кои се на финансискиот список на СОРОС Фондацијата. Забрчанец на јавноста и е познат како кандидат за наследник на Владимир Милчин во СОРОС, извршен директор на Младинскиот образовен форум и иницијатор и покровител на средношколските и студентски протести кои очигледно беа злоупотребени во партиски цели. Со ваквата скандалозна одлука СДСМ покажува дека зад сите нивни активности и идеи директно стои лобито на СОРОС, олицетворено во ликовите како Милчин, Фрчковски, Героски, Ѓунер Исмаил, Џабир Дерала, Забрчанец, кои не ретко посесивно и самите изјавуваат дека од нив зависат процесите во опозицијата. Затоа, никој не се ни сомнева дека е случајно што Бранко Героски преку колумна ја тестираше тезата за федерализација на Македонија, која всушност го откри валканиот план на опозицијата, повторно да одработи на штета на националните интереси.
Инаку, за лицемерието на СДСМ говори и фактот што на 29 август, опозициската партија со писмо извести дека ја напушта коалицијата со НВО секторот, наречена „Граѓаните за Македонија“ која се јави како организатор на протестите и кампирањето на опозицијата пред објектот на Владата ова лето. Токму, Марјан Забрчанец беше прогласен за неформален лидер на коалицијата на невладини организации кои до тогаш беа во јавно и официјално партнерство со СДСМ. Тогаш Забрчанец изјави: „Излегувањето на СДСМ од Граѓаните за Македонија е логичен чекор, тие влегуваат во Собрание и Влада, нашата задача е да ги набљудуваме институциите а не да бидеме во коалиција со нив“.
Значи, Забрчанец има две улоги. Јавно да се декларира себеси за наводен НВО активист и борец за граѓански права, кој според него непристрасно ги контролирал институциите и бил нивен лажен коректив, а всушност воопшто не му е проблем да членува во партиските структури на СДСМ и да го застапува клучното влијание на лобито на СОРОС во опозицијата. Со ваквото монополизирање и целосно деградирање на НВО секторот од страна на вечниот Владимир Милчин , освен голем дел од членовите на СДСМ, не се согласуваат и други структури кои веќе јавно се оградуваат од стратегијата на лобито на СОРОС кој играат со една карта, инфилтрација и злоупотреба на СДСМ, која е раководена од безнадежно раководство, кое не може да сфати дека дозволува да биде злоупотребена за туѓи цели. Затоа, левичарските движења „Ленка“ и „Солидарност“ очигледно сакајќи да се динстанцираат и да се обидат да покажат дека во Македонија постои некој кој може вистински да се залага за социјална правда и работнички права, се реши да формира нова политичка партија во Македонија, која ќе се вика „Левица“, како манифестација на незадоволството од неискрените политики на актуелната опозиција.