Скопски таксист преживеал хорор

Утринава  околу 5:15 часот во полициската станица во Чаир, Б.М. пријавил дека околу 5:10 часот од бул. „Партизански Одреди“ до населба Шуто Оризари со возило „Форд Фокус“ од такси компанија „Вардар“ превезувал четири непознати лица. Кога стигнале на ул. „Ѓорѓи Пенков“ тој им рекол дека за услугата треба да платат 280 денари. Едно од лицата извадило и му дало 100 денари, а потоа истите му се заканиле дека физички ќе го нападнат и од касетата на возилото одзеле каса со ситни пари околу 2.000 денари, а од контакт бравата му го извадиле и земале клучот, по што сите лица се упатиле во непознат правец.  Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
24.11.2015 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега