Крвава драма во Битола: Со пила ги бркал родителите и браќата

Кривична пријава е поднесена против 30-годишниот битоланец А.Р. поради „Загрозување на сигурноста“. Тој на 17 месецов околу 4 часот и 30  минути во семејната куќа, под дејство на алкохол најпрво започнал вербална расправија со неговите браќа по што почнал и да ги тепа. Кога во собата влегле неговите родители тој почнал да фрла по нив со чаши и шишиња, а зел и пила и се обидел да го удри неговиот брат, информираат од полицијата.

При фрлањето на пилата битолчанецот се самоповредил на левата рака, по што бил однесен во Клиничката болница Битола.

 
 
24.11.2015 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега