Починал во болница: Уште една кобна сообраќајка во Македонија

Сообраќајна несреќа во која е усмртен пешак се случила денеска околу 11 часот и 50 минути, на Булеварот „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово. 

Во несреќата учествувале товарно моторно возило „Мерцедес вито“ со тетовски регистерски таблици што го управувал 48-годишниот С.А. од Тетово  и пешакот  J.Ѓ. на возраст од 57 години, исто така, од Тетово, кој ја преминувал улицата од едната на другата страна, надвор од обележан пешачки премин.

Од ударот пешакот се здобил со тешки повреди и од возачот на „Мерцедесот“ со друго возило веднаш бил пренесен во тетовската клиничка болница, каде набрзо им подлегнал на повредите.

Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршија увид на местото на несреќата и се утврдуваат причините, околностите и се друго поврзано со оваа сообраќајна несреќа, додека по наредба на јавниот обвинител врз безживотното тело на пешакот ќе се изврши обдукција.

 
 
24.11.2015 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега